Растргнат меѓу разведените родители, исфрлуван од училиште, во време на проблематична младост ќе заврши и во затвор за малолетници. Се обидел на работа и како келнер, портир, месар и доставувач на весници…
Еден од најдобрите и најпознати актери на сите времиња, Alain Delon, почина денес по долга и тешка борба со канцерот. Веста ја потврдија неговите три деца инсистирајќи притоа на приватност во деновите на тага.
Delon со децении наназад е сметан за најубав, најпосакуван маж на светот, за синоним за маж со сопствен, класичен стил и неодолива харизма. Беше еден од најславните актери, како во француската, така и во светската кинематографија. Во текот на својата кариера има снимено преку 90 филмови и освоено бројни награди и признанија.

Пред да ја проба среќата во глумата и релативно брзо да се здобие со светска слава, со улогата во филмот Роко и неговите браќа, Alain Delon живеел обичен живот на момче од париските улици.
Растргнат меѓу разведените родители, исфрлуван од училиште, во време на проблематична младост ќе заврши и во затвор за малолетници. Откако се обидел на работа како келнер, портир, месар и доставувач на весници, Alain Delon бил и волонтер во француската армија, која го испратила на бојното поле во Индокина. Ова богато животно искуство, стекнато пред дваесеттата година од животот, заедно со талентот сè се што Delon требаше да донесе во светот на актерството. Успехот беше неминовен.
Добриот изглед, неодоливата харизма и дискретноста на приватниот живот го дефинираа Alain Delon како зрел актер. Стана институција во филмскиот свет: и самиот изјавуваше дека дека тие што сакаат со него да работат мора да знаат дека тој е тој што го прави филмот.


Alain Delon е потврда дека само оние кои одбиваат да бидат нешто друго освен она што се, само тие го трасираат својот пат до успехот. Во сè што правеше, можеше да се почувствува одредена субверзивниот, без оглед дали се работи за неговите изјави, неговиот стил на облекување, неговиот однос кон жените, неговата неизмерна љубов кон животните или неговиот актерски стил./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.