Во вечерните часови на деветти јуни, во средното учииште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски„ од Скопје беше отворена традиционалната Завршна годишна изложба на учениците, овој пат збогатена и со модна ревија. Петнаесет ученици од одделот за текстил и облека, под менторство на проф. Елена Вангеловска се претставија на црвениот тепих со свои уникатни креации.


Во присуство на повеќе од илјада гости, учениците се претставија и со своите слики, скулптури, графики, мозаици, ентериени решенија, цртежи, фотографии, но и видео и анимациски форми на изразување.


Средното уметничко училиште блесна со својот раскош, но и со енергија на другарство и љубов. Атмосферата беше одлично надополнета со настапот на Охридски Backdoor band, кои придонесоа присутните ученици, родители и другите љубители на уметноста да се забавуваат до полноќ.
Изложбата е отворена до петок, 16.06.2023 во периодот од 09-18 часот.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.