ETRO

Креативната визија на ЕТРО и стилот на модерната рок-ренесанса, на Måneskin им донесоа две победи – на годинешната Евровизија и на музичкиот фестивал во Санремо. Евровизискиот настап, како и оној на Санремо, всушност беше ново патување низ музика и стилот, набиено со емоции и смела креативност, создадено од нивниот бунтовен став, оригиналниот текст, уникатното пеење и – единствениот стајлинг на ЕТРО. Ова е дефинитивно новиот став на ETRO за глам метал стилот: Смел, но сепак деликатен стајлинг. Креативната визија на ЕТРО за евровизискиот настап всушност е стил на модерната рок-ренесанса.

ETRO

Колку и да ја цениме традицијата, во нашето семејство владее бунтовен дух, талент за авантура, слободоумност и ексцентричност“, вели. Вероника Етро на промоцијата на колекцијата на ЕТРО за наредното лето, за деновите на одморот. Етро е основана во 1968 година и откако го прославивме 50-от роденден, решив да ја свртам страницата“, посочува дизајнерката. „Ние градиме нов стил на следбеници на младите клиенти кои бараат посилен пресврт на нашиот традиционален стил. Пандемијата нè научи да не се плашиме, да уживаме во ризикот и да ги прифаќаме промените. Не е време да се држиме за нашата зона на удобност “.

Под тоа ново се подведува и прилично неочекуваната, но извонредно успешна соработка со италијанската рок-група „Менескин“, со која бестрашниот тим на ЕТРО предизвикаа голема возбуда кај музичкиот, како и на модниот свет.

ETRO

Но, не само членовите на Менескин ќе најдат парчиња што ќе им се допаднат во колекцијата за на одмор за идната година. Специјалните модни додатоци, како пончоа со интарзија, украсени елеци, богато извезени мини здолништа и преклопени здолништа, сето е дел на новиот енергетски ритам на ЕТРО во новата колекција. Помалку боемската –  секојдневната понуда опфаќа серија впечатливи кошули, туники, преголеми блејзери и костуми кои ја нагласуваат машката / женската синергија и размената на кодови што се одвиваат помеѓу дизајнерите на модната куќа./М.М.

ETRO

ETRO

ETRO

ETRO

ETRO

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.