На големиот „Есенски базар“, што во организација на Скопје City Mall ќе се одржува од 17 до 20 овој месец, ќе учествуваат 28 занаетчии и ракотворци.
На базарот ќе земат учество занаетчии и ракотворци кои нудат широка палета производи, уметници, кои не се плашат да експериментираат. Преку своите дела, уметниците ги раскажуваат своите приказни, на концептуален начин, низ моделирање на наративите од инспиративното секојдневие.
На базарот ракотворците ќе се претстават и со аксесоари изработени од кожа, керамички дизајни, восочни фигури, рачни везови, производи од природна мерино волна, маици со оригинални принтови, украси од дрво, рачно изработени ранци и чанти и аксесоари за миленици./М.М.
More in:Вести
Утре и задутре – „Сити базар“ во Скопје Сити Мол
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива ...
CFDA дизајнерите донираат за Лос Анџелес
Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот ...
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...
H&M Studio ја претстави Pre-Spring колекцијата
Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми ...