За прв пат, свеченото доделување на наградите „Епика“ ќе се пренесува во живо од Париз. Гледачите ќе можат онлајн да го видат најдоброто од креативноста годинава според изборот на медиумите од целиот свет. Настанот што ќе се одвива на 17 декември, со почеток во 18.30 часот, ќе се пренесува во живо на YouTube, Facebook и Linkedin платформите на Epica Awards.
Церемонијата ќе ја води уредничкиот директор на наградите „Епика“, Марк Тунгејт, а ќе биде продуцирана од нивниот главен оперативен директор Николас Хуве. Основана е во 1987 година.
Епика е единствената креативна награда што ја оценува и доделува печатот. Повеќе од 200 списанија и веб-страници од целиот свет се во жирито на Епика. Целта на Epica е да ја награди извонредната креативност, без оглед дали доаѓа од агенции, медиумски консултанти, односи со јавноста, маркетинг или технолошки фирми, куќи за производство, студија за дизајн или индивидуални уметници, за да ја развијат нивната репутација надвор од нивните национални граници. /М.М.