Нашиот врвен топ модел Елена Реи, која од февруари престојува и работи во Азија , повторно е ангажирана за новата кампања и за модниот каталог на дизајнерката Diane von Furstenberg (DvF). Освен оваа, втора соработка со светски признатата дизајнерка, Елена Реи имаше по неколку соработки и со Calvin Kline, како и со престижната Monique Lhuillier.
За белгиската дизјнерка е доволно да се спомене дека е на листата на Форбс за највлијателни жени и, според Тајм магазинот, рангирана е како модна икона.
Инаку, Елена Реи е повеќе од десет години на светската модна сцена и има соработувано со најголемите имиња во модната индустрија како Jimmy Choo, Armani, Valentino, Jill Sander, Donna Karan, Zuhair Murad и многу други.
Моделс Ин Маркетинг