Модни додатоциТрендови

Еко балетанки на Giesswein – хит на летово

Giesswein

Еко балетанките на Giesswein, претставени како еко хит на летово, се изработени од 100% рециклирана ПЕТ-пластика од океанот.

Од Giesswein прашуваат и порачуваат: „Дали сте подготвени да се приклучите на овој предизвик за спас на животната средина и во текот на јули да отстраните се од пластика, секако, со еко балетанките?“

Giesswein

Со нив можете да го направите вашиот прв еко чекор!

Овие шик и практични чевли нудат цврста поддршка за секојдневно носење, како дење, во канцеларијата, така и навечер, на подиумот за танц.

Giesswein

Уникатната колекција на Giesswein има широк избор на бои – од корално црвена до небесно сина, и сè  помеѓу.  https://us.giesswein.com/pages/ballet-flats

Рециклираната ПЕТ-пластика од океанот го исполнува 100% биоразградливиот ѓон.

Giesswein

Нашиот избор да користиме рециклирани материјали, велат во Giesswein, и да се упатуваме кон нови технологии, значи дека избравме да направиме нешто за животната средина!

Еко-балетанките имат внатрешен невидлив систем за облекување и се испорачуваат со резервна влошка. Оваа втора влошка овозможува прилагодување на чевелот на вашата нога.

Giesswein

Giesswein балетанките се перат во машина и се лесни за чистење и одржување бидејќи 100% ја отфрлаат водата, одлична опција се за дождливите денови, како и совршен чевел за сите временски услови!

Удобноста се обезбедува со специјалната 3Д-плетена техника на Giesswein, за изработка на супер-меки чевли од првото носење. Можете да се опуштите знаејќи дека ќе ви биде пријатно на нозете цел ден.

Giesswein еко-балетанките се достапни во голем број различни стилови и бои. Тие ќе го направат совршен вашиот изглед./М.М.

Giesswein

You may also like

Comments are closed.