Торбата за пазар на Рој Кропер од „Coronation Street“ станува моден симбол
Рој Кропер (Roy Cropper), лик од долгогодишната британска сапуница Coronation Street, неочекувано се појави на модната сцена. Неговата платнена торба за пазарење е хит, а верзии на овој производ се продаваат и за повеќе од илјада фунти од луксузни брендови, како Mr Porter и Loewe. Дизајнерката Викторија Бекам најави нова линија чанти инспирирана од практичниот, но препознатлив стил на Рој Кропер.
Актерот Дејвид Нилсон, кој го толкува ликот на Рој Кропер, открил дека чантата и клучевите кои се прикачени на неа припаѓале на неговата мајка. Нилсон изјавил: “Мајка ми за жал почина точно пред да започнам со шоуто, па посакав да носам нешто од неа. Сакав и да додадам свои лични работи за да го развијам ликот.”
Фановите сега можат да најдат слични чанти инспирирани од Рој на платформи како Etsy и Redbubble, а стилот стана препознатлив симбол на скромноста и практичноста преточена во нов моден тренд.
Љубителите на овој тренд, можат да најдат слични торби, инспирирани од Рој Кропер, на платформите Etsy или Redbubble: чантата “Roy Cropper Shopper Tote bag” на Etsy е достапна за 12,99 фунти.

You may also like

Comments are closed.