Светски познатиот бренд Gucci слави јубилеј – сто години постоење. Во многуте хроники што се објавуваат по повод јубилејот, се истакнува дека основачот на фирмата, Guccio Gucci, во далечната 1921 година, во Фиренца, ниту не сонувал дека, скромната шивална за патни торби, еден ден ќе израсне во моден гигант.
Неговата работа ја наследи синот Aldo, кој имал извонредно чуство за бизнис. Тој го проширил бизнисот и се посветил на создавање на модни додатоци, кои во шеесеттите години од минатиот век беа еднодушно прифатени. Модните детали на Gucci, во тој период, ги носеа сите познати личности, од кралицата Елизабета до актерката Елизабет Тејлор.
Веќе создадената модна империја по Aldo, ја наследи неговиот син Paolo, кој на почетокот на седумдесеттите години воведе и колекции на облека. Овој период се смета за злата ера на Gucci, кога нивните модели припиени кон телото, со сатенски матаријали беа, едноставно, сè што може да посака модниот свет.
Во колециите што денес се создаваат во Gucci, сè уште можат да се види кодот на модната куќа. Актуелниот креативен директор, италијанскиот моден дизајнер Alessandro Michele од 2015 година, ја надградува постојната генеза на модната естетика на брендот. Со него, Gucci доживеа нов бран на популарност, а парчињата облека ја носат и: Harry Styles, Jared Leto, ASAP Rocky, Iggy Pop и Lana Del.
При креирањето на колекцијата со која годинава почнува одбележувањето на вековното постоење на Gucci, соработувано е со модниот дизајнер Demnom Gvasaliom, креативниот директор на модната куќа Balenciaga. Оваа соработка создаде креации инспирирани од 70-тите, со мотиви на костими од BDSM културата, како и погледи кон иднината на стилот.
Gucci денес е чекор напред, од естетиката што во текот на деведесеттите години ја популаризираше славниот моден дизајнер Tom Ford. Gucci соTom Ford, беше бренд што отелотворуваше сексапил и самодоверба. Алесандро, по Том, првично беше насочен кон ретро, традиционалните принципи на Gucci во златните, седумдесетти години од минатиот век – но ова шоу ни го покажува посакуваното движење напред.
Во моментов, ни се чини дека го гледаме брендот Gucci и навистина можеме да видиме сто години искуство, напредок, напорна работа и креативно размислување. Alessandro Michele во новата Gucci колекција додаде италијански квалитет во креирањето и традиционален дух, додека Demna Gvasala го насочи патот кон иднината на модата.
Од она што е претставено на јубилејната ревија, прва во низата планирани активности, сосема е јасно дека оваа ревија не го слави само брендот Gucci, туку и модната креативност во целина, која секогаш е подготвена за нови предизвици./M.M.