Лидија Георгиева

Помалку политика, повеќе стручност и отворен ум за нови идеи

Текстилот на глобално ниво се соочува со големи загуби во прометот, а со тоа и голем број на работни места се загрозени. Од Текстилниот кластер, во рамки на Проектот на УСАИД изработена е студија за ефектите од пандемијата врз работењето на компаниите за текстил и индустријата за облека во земјава. Според студијата, текстилот се справи со производството на заштитни маски  и опрема но, без модни линии, кризата ќе биде многу посилна и комплексна. Какво е вашето мислење и став во однос на ова прашање?

Секако дека во модниот сектор ќе следува период на рационално постапување, штедење на ресурсите и внимателно планирање. Тоа важи на глобално ниво, не само кај нас.

Како вие деловно се соочувате, какви се вашите бизнис одговори, планови, идеи – нови колекции, дигитални промоции и сл.

Годинава за мене беше доста активна, иако начинот на работа мораше да се прилагоди. Мојата работа на полето на модата не беше премногу афектирана, бидејќи јас како бренд секако веќе неколку години се занимавам со етичка мода и со бавна мода (slow fashion) па така моите мини колекции се редовно присутни во бутикот Виа. Етичката мода сега на некој присилен начин доби уште повеќе смисол и завзема се поголем простор во светскиот моден пејсаж.

Тука би ја истакнала и соработката со првата дама, имав чест и задоволство да дизајнирам неколку изгледи за неа, кои беа носени на значајни културни и дипломатски настани. Се работи за посебна категорија на дизајн, за која без темелно искуство тешко дека ќе може да се постигне добар резултат, па дури и на нашата сцена каде што, за жал, сешто може да помине, а невкусот најмногу.

Од друга страна, онлајн предавањата беа предизвик кој мислам дека успешно го остварив, секако заедно со студентите. Покрај ова, имав неколку интересни дизајн проекти, од кои два за странски клиенти. Што се однесува до моето дигитално присуство, мојот пристап е подискретен, спротивно од тоа што би препорачале екипите за комуникација. Моето обраќање е малку поинтимно и порафинирано од амбиенталната агресија, иако сепак сето тоа е придружено со бројни интервјуа и текстови кои годинава беа објавени.

Креација на Лидија Георгиева

Кои би биле  вашите предлози на практични политики и мерки за ублажување на последиците од пандемијата на ковид-19?

Редовни консултации со експерти од струката, мудрост, визионерство и национана стратегија, помалку политика, повеќе стручност и отворен ум за нови идеи. Без тие елементи, не гледам како би се дошло до чудесно решение. / М.М.

Креација на Лидија Георгиева

Креација на Лидија Георгиева

Креација на Лидија Георгиева

 

You may also like

Comments are closed.