Сонцето е одговорно за 90% од видливите промени на кожата, а кои често се припишуваат на стареење, предупредуваат дерматолозите.- Освен дополнителен акцент на безбедноста, бидејќи сите започнуваме полека и претпазливо да излегуваме, од особено значење е да не се заборава заштитната крема
Бидејќи заклучувањето почнува да се олабавува, заедно со посончевите денови, сосема е природно да сакате да излезете надвор, на свеж воздух – на безбедна, прошетка или социјално оддалечена рекреација. Но, токму поради времето проведено во затворен простор, особено е важно да ја заштитите кожата од штетните сончеви УВ зраци.
Заштитата од сонце во текот на целата година е најефективниот начин за заштита на кожата од ултравиолетово зрачење кое предизвикува предвремено стареење, што е основна причина за фини линии, подлабоки брчки, промена на бојата и абнормалности во текстурата на кожата. Сонцето е одговорно за 90% од видливите промени на кожата, а кои често се припишуваат на стареење, предупредуваат дерматолозите.
Непосредно по зимата, како и по деновите поминати во карантин, кожата е со намален капацитет на заштита од оштетување од УВ зраците, кои стануваат сè посилни“, објаснуваат дерматолозите. Освен тоа, постојат специфични реакции на кожата, кои можат да се појават во текот на почетокот на летото, со првата изложеност на ултравиолетовото зрачење. Повеќемина, најверојатно, ќе доживеат некаква форма на зголемена чувствителност на сончевата светлина по зимата, а како најчеста форма се наведува црвениот осип на местата изложени на сонцето.
Првиот чекор за заштитита на кожата, во ова особено ранливо време, се препарати со заштитен фактор, со широк спектар од 30 или повеќе. Доколку се потпиравте на вашата шминка како заштита – тоа не е доволно. Шминката или навлажнувачкиот крем за лице со заштитен фактор мора да биде еден слој, односно да има и слој од крема за сончање. Нанесете ја вашата крема за сончање најмалку 20 минути пред да излезете надвор и ако се потите ќе треба повторно да ја ставате.
Имајте на ум дека кремот за заштита што го користите мора да е најефективниот. Кога станува збор за избор на крема, важно е да се земе предвид чувствителноста на кожата, особено кога се одлучувате помеѓу хемиски и физички креми за сончање. Иако се подеднакво ефикасни, хемиските креми за сончање можат да бидат нешто поиритирачки за чувствителната кожа. Физичките креми се малку постабилни, но може да се чувствуваат малку потешко.
Освен дополнителен акцент на безбедноста, бидејќи сите започнуваме полека и претпазливо да излегуваме, од особено значење е да не се заборава на заштитната крема./М.М.