New Concepts@Nordstrom е нова поп-ап продавницата посветена на творештвото на Virgil Abloh, легендарниот дизајнер кој, освен во својот бренд, работеше и како дизајнер за машка облека на Луј Витон.
Nordstrom ќе го отвори New Concepts просторот пригодно наречен „Концепт 018: Virgil Abloh, хартии од вредност“.
Поп-ап продавницата ќе понуди облека и модни додатоци од неколку креативни зафати на дизајнерот во модата и уметноста. Ќе биде претставена облека од неговиот бренд, Off-White, потоа од неговото креативно студио Alaska Alaska, уметничката продавница Canary Yellow како и од неговите „Figures of Speech ” изложба, која е во тек во музејот Brooklyn – се до 29 јануари 2023 година.
Во продавницата ќе се најде облека за мажи и жени, чевли и додатоци, како и ексклузивна капсула колекција од Off-White. Концепт 018: Virgil Abloh Securities ќе бидат достапни на интернет и на 15 локации ширум САД./М.М.