Првата слика од кампањата на Dior J’adore со Rihanna, која минатиот месец е прогласена за амбасадор за парфемот е и најава на моден филм чија премиера ќе биде на први септември.
Новата функција и улога на Rihanna доаѓа како реален след на проширувањето на нејзината соработка групацијата LVMH. Имено, Fenty Beauty, бренд основан од пејачката, е дел од групацијата LVMH, која е сопственик и на Dior.
Rihanna е фотографирана од Steven Klein на Palace of Versailles, на тема насловена како „почеток на нов златен сон„.
Rihanna е избрана за амбасадор затоа што ги отелотворува вредностите на мирисот, објаснува во својата изјава извршната директорка на Parfums Christian Dior, Véronique Courtois. Christian Dior дефинитивно би ја обожувал.
Rihanna ја презеде позицијата од јужноафриканската актерка Charlize Theron, која беше заштитно лице на J’adore од 2004 година. Theron сега е амбасадор на линијата за нега на кожата на Dior./М.М.
More in:Вести
Утре и задутре – „Сити базар“ во Скопје Сити Мол
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива ...
CFDA дизајнерите донираат за Лос Анџелес
Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот ...
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...
H&M Studio ја претстави Pre-Spring колекцијата
Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми ...