Да се стоплиме со вкусна крем супа од тиква, декорирана со испржени листови од тиква, двопек и магдонос
Потребни состојки:
- 1,5 кг тиква,
- 6 лажици маслиново масло,
- 2 кромида – исечкани,
- 3 лукчиња,
- мало парче ѓумбир – изрендано,
- 3 парчиња двопек исечкан на коцки ,
- 2 пакувања бујон од зеленчук,
- магдонос,
- сол и бибер по желба.
Подготовка:
Со нож за лупење ( компири ) сечеме 15 тенки и долги листови од тиквата.
Ги пржиме, пред да ја сервираме крем супата, во загреано масло 3-4 минути да заруменат и ги ставаме на хартија да го впие маслото.
Останатата тиква ја сечеме на парчиња, ја редиме во тава, ја полеваме со 2 лажици маслиновото масло и ја ставаме да се пече 40 минути, во загреана рерна на 200Ц.
Во тенџере, со 4 лажици маслиново масло, загреано на средна температура, 4 до 5 минути се пржат кромидот, лукчињата и ѓумбирот. Се додава литар вода, двете коцки бујон од зеленчук, сол и бибер по желба, како и испласиранатан печена тиква. Супата се вари десетина минути, на средна температура..
Крема супата се сервира во длабок тањир, одозгора се украсува со крцкавите пржени ленти од тиква, неколку коцки двопек и се наросува со свеж магдонос.