Студиите покажаа дека микротраумите создадени со третман на дерморолер помагаат во стимулирање на ткивата што се наоѓаат веднаш до фоликулот на косата и на тој начин, косата што престана да расте на некои места, сега почнува повторно да расте.

Дермаролерот се покажа како одличен, во смисла дека влијае косата да започне да расте во оние места каде што мислевме дека сè е изгубено. Докажано е дека дури и кај луѓе кои немаат коса со години, новата коса може да започне да расте со стимулација, токму затоа што клетките се сè уште живи – само се успиени.

Често се случува косата да не престане да расте, но поради одредено оштетување, таа почнува брзо да паѓа. Како може дермаролерот да ни помогне тука? Без оглед на фактот дека косата не паднала, косата ослабела, тенка е и ќе падне многу полесно отколку во некои нормални околности.

Со третман на дермаролер преку оние делови каде косата е слаба и подготвена да падне, ќе направите една многу добра работа. Имено, тогаш на сличен начин, бидејќи го стимулирате растот на нова коса, ќе ја стимулирате веќе постоечката коса и ќе ја зајакнете.

Одлични во борбата против опаѓањето на косата се и капките од коприва, кои ги триеме во косата и скалпот и кои ни помагаат да ја зајакнеме косата. Маслата исто така можат да помогнат во одржување поздрава и посилна коса.

Несакани ефекти на дермаролерот за коса

Со стимулирање на скалпот, се забележува значително подобра апсорпција на активните состојки од козметиката. Затоа е многу важно да бидете внимателни што ќе нанесете на вашата коса после тоа, односно на скалпот. Обидете се со тоник со пантенол, што ќе биде многу корисно. Во принцип, вклучете природна козметика во вашата нега, која ќе биде здрава за вашето тело.

Едно од прашањата што е многу важно, кога користиме кој било производ, е да ја испитаме неговата безбедност. Тестовите покажаа дека дермаролерот за коса е апсолутно безбеден. Иглите што ги има не се големи и неможат да ја повредат вашата кожа и неможат да ја оштетат вашата коса. Затоа, нема страв дека фоликулот на косата ќе биде повреден. Само неколку часа се доволни за да зараснат ситните ранички и кожата да започне да се обновува.

Како и кај сите производи кои предизвикуваат траума, макар таа да е минимална, препорачливо е пред употребата на ваков третман за обнова на косата да се посоветувате со дерматолог. /M.M.

 

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.