Зачудува воодушевувањето за содавачот на чантите – кеси за губре и фетиш торбите

Веројатно сметајќи дека педофилскиот скандал е заборавен Vogue деновиве се приклучи кон медиумите, (додуша сеуште ретки) који би да пристапат кон рехабилитаија накреативниот директор Demna, со што, можеби, ќе се подотворат вратите на продажбата на Balenciaga.

За што поточно станува збор? Во прашање е текст – најава, со голема фотографија на креаторот, во кој читателите на Vogue се воведуваат во приказната. Се наведува дека во февруари Demna дал ексклузивно интервју за Vogue во врска со скандалот со рекламната кампања на куќата, дека се извинил и зборувал за тоа како ова искуството го вратило неговиот фокус на дизајнот и на неговата оригинална љубов кон изработката на фустани. https://www.highsnobiety.com/p/balenciaga-child-ad-conspiracy-theory/

Во текстот на Vogue се вели и дека новинарите биле желни да слушнат повеќе за човекот, надвор од како што го величаат „мит-креаторот и модниот маестро„. Овиe комплименти веројатно треба да се однесуваат на неговото севкупно творештво, кое опфаќа и создавање чанти налик на ќеси за губре (од над 2000 евра), или, торби који наликуваат на мечиња – во фетиш облека.

Тие торби-мечиња првин, во септември минатата година, манекентите ги прошетаа на модната писта, со пролетната колекција на Balenciaga. Отсуството на реакција на јавноста направи пат за создавање на срамната, скандалозна реклама со деца, за пролетна колекција, која е емитувана во ноември лани. Под притисок на јвноста, две пролетни кампањи на Balenciaga се повлечени. На изјавата  на дизајнерот , како најодговорен во фирмата, се чекаше десетина дена и таа стигна дури откако пропаднаа обидите да се пронајде и  да се тужи виновник надвор од Balenciaga!

Текстот на Vogue завршува со воодушевување на новинарите што добиле увид за Demna надвор од должноста – „вклучувајќи го животот со неговите две чивави, Коки и Чикита, и неговата секојдневна рутина (тој медитира секое утро, почнува да работи напладне, и ја слуша Diana Krall на дождлив ден). Чудно некое воодушевување – од кого и за кого!

Во обидот за измивање на ликот и делото на Demna, Vogue како да заборави на вистинските причини за протестите пред бутиците, графитите на нив и за уништувањето на сето содадено од Demna и Balenciaga.

Виновникот сеуште официјално не е утврден, ниту е покрената правна постапка. Но, сепак, и Balenciaga и Demnaсе санкционирани од јавноста ширум светот и тоа преку игнорирање и бојкот на продажбата./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.