Со текот на годишните времиња, шаловите и марамите станаа речиси неопходни за комплетирање на изгледот. Паралелно, а поради пандемијата, маските станаа неопходност во секојдневниот живот. Спојувањето некако само по себе се наметнува, така што се побројни се примерите марамите – полни со бои и принтови – да станат совршен начин за модерено изразување без притоа да се жртвува безбедноста.
Бројни инфлуенсери наместо маски носат марами кои делумно или целосно, со превиткувања или врзувања, се претворени во маски. На социјалните мрежи расте бројот на предлозите за претворање на марамите во маски, а на платформите, како Амазон, се зголемува изборот на марамите што со врзување можат да се носат како маски.
Меѓутоа, доколку сакате да го прифатите овој тренд, важно е да се забележи дека е идеален за употреба на природни материјали, како свила и памук, бидејќи тоа се ткаенини кои задржуваат помалку бактерии од другите./М.М.