Со љубов… или со копија? Памела Андерсон и Меган Маркл со речиси идентични емисии
Дали Меган Маркл (Meghan Markle) ја копираше кулинарската емисија на Памела Андерсон (Pamela Anderson), или станува збор за случајна сличност? Двете лансираа lifestyle формати со слични имиња и концепт, што покрена бурна дискусија во медиумите и кај гледачите. Додека Андерсон реагираше воздржано, Маркл молчи – но сличностите се премногу очигледни за да бидат игнорирани.
Во февруари годинава Памела Андерсон ја претстави својата емисија Pamela’s Cooking With Love на Prime Video. Во неа, во опуштена атмосфера, таа готви со пријатели, разговара за животот, љубовта и здравата исхрана – сето тоа сместено во нејзиниот дом. Концептот доби пофалба од критиката за интимниот пристап и автентичноста.
Набргу потоа, во март, Меган Маркл ја представи својата емисија With Love, Meghan на Netflix– со речиси идентичен пристап и содржина. Таа готви дома, со гости, зборува за вредностите на домот, љубовта, органската храна… Дури и имињата на емисиите звучат како сестрински проекти.
На шпекулациите за можното копирање, Памела Андерсон реагираше дипломатски. Во интервјуто со Енди Коен (Andy Cohen), на скалата од 1 до 10 за сличноста меѓу двете емисии, таа даде оценка „1“, нагласувајќи дека нема намера да прави скандал. „Не ја ни изгледав нејзината емисија. Нека си прави што сака“, изјави таа со воздржан тон.
Меган Маркл, како и Netflix, засега не се огласуваат по повод споредбите. Ова молчење само ги поттикнува шпекулациите, особено бидејќи времето на излегување на нејзината емисија доаѓа по онаа на Памела.
Иако нема официјални обвинувања, гледачите и медиумите на социјалните мрежи сè погласно прашуваат: дали Меган го „позајми“ концептот?
Меган во сенка на новиот успех на Памела
Додека Меган се обидува да ја редефинира својата слика во јавноста по неуспешните подкаст-проекти и критики кон нејзината медиумска стратегија, Памела Андерсон доживува вистински ренесансен момент. Нејзината емисија доби одлични реакции, но уште поважно – Андерсон повторно е во центарот на внимание благодарение на нејзината нова улога во продолжението на комичниот класик The Naked Gun, како и гласините за можна романса со колегата Лијам Нисон (Liam Neeson).
Со други зборови, Памела повторно е „ин„ – стилски, професионално и медиумски. Дали Меган – или нејзиниот тим – ја видел таа возбуда и решил да создаде нешто слично, надевајќи се на дел од истиот интерес?
Телевизиска ера на носталгија и „органски“ вредности
Современите lifestyle емисии не се повеќе само за рецепти – тие се за личноста, вредностите, стилот на живот. Pamela’s Cooking With Love совршено го долови тој дух: природна, искрена и емоционално топла програма. Маркл, позната по својата потреба за контрола врз јавната слика, можеби го препознала истиот терен како совршен простор за „поправка“ на имиџот.
Сепак, With Love, Meghan е оценета со 2.7/10 на IMDb, во спротивност на Pamela’s Cooking With Love со 9.8/10; според критиките Меган ја нарекуваат „cringey“, „површна“, и „медиумски артистична, но без содржина.“
Тактика, инспирација или случајност?
Ниту Памела, ниту Меган не зборуваат отворено за тоа. Но временската рамка, естетските сличности и контекстот не може да се игнорираат.
Дали Меган Маркл направила стратешки, очаен обид да ја „улови“ топлината и успехот што Памела Андерсон моментално го ужива? Информациите од Page Six, Vanity Fair, The Cut и коментарите насоцијалните мрежи досега не наоѓѓаат разбирање за Меркл, ниту оправдување на молкот пред јавноста за која таа и не крие дека сака со својот простап да ја контролира.
Во ера на внимателно курирани јавни имиџи, границата помеѓу инспирација и имитација станува сè потешка за разликување – но гледачите имаат сè поостро око за препознавање на автентичноста.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.