Стручното жири одлучи наградата за Маж со најголем придонес во општеството годинава да отиде кај целокупниот медицински тим кој веќе 9 месеци неуморно се бори со Ковид 19. Во нивно име наградата ја подигнаа доктор Виктор Исијановски, директор на Здрваствен дом Скопје и Милица Бубало, раководител на Брзата помош.

Оваа година настанот се емитуваше на МРТ1, како ТВ шоу, со почитување на сите протоколи за заштита, беа доделени наградите на 13 најуспешни Мажи во Македонија за 2020 година. Изборот беше во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации.

Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме. За маж на годината за 2020 година е прогласен Горан Пандев неуморниот борец кој што ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.

За Маж со трајни вредности е избран Влатко Стефановски нашиот познат музичар кој неуморно ја претставува Македонија во светот.

Наградата за Менаџер на годината ја понесе Петар Денковски, генерален директор на Веро, наградата за Млад менаџер – Владо Цекиќ, а за Маж странец во Македонија за 2020 награден е Билал Суџибаши, генералниот директор на ХалкБанк. Во изборот на Маж на годината според социјалните медиуми наградата отиде кај хуманитарецот Али Вевзи.

За Маж со стил за 2020 година е избран Пако Радовановиќ, архитект.

Наградата за Маж со најголем придонес во спортот и припадна на Македонската Фудбалска Репрезентација. Маж со најголем придонес во културата е Џијан Емин, а Маж на годината до 40 години е Радован Витошевиќ, генерален директор на МајВорлд. За Хедонист на годината избран е Ѓорѓи Дамјановски, бизнисмен.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.