Годинава ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,, го прославува својот 80 јубилеј

Традиционалната Годишна завршна изложба во средното уметничко училиште Лазар Личеноски, во Скопје, ќе биде отворена во петок,со почеток во 21 часот. Ќе бидат изложени слики, мозаици, графики, цртежи, фотографии, керамики, актови, дизајни од областа на текстилот и ентериерот и мебелот, а ќе бидат прикажани видеа и анимации. Изложбата ќе биде збогатена со модна ревија и рок забава со Backdoor band од Охрид.


Оваа година средното уметничко училиште ДСУЛУД,,Лазар Личеноски,, го прославува својот 80 јубилеј. Формирано на АСНОМ 1944 година, претставува незаменлив дом од кои се изнедрува современата македонска ликовна уметност. Скопското средно уметничко училиште во текот на 60-тите, 70-тите и 80-тите е значаен пункт на авангардата, на модата, и на културата воопшто.


Учениците на средното уметничко училиште и денес, исто како и некогаш, ги красат особините на индуивидуалност и посебност. Вкупно се 260 ученици, во седум отсеци.
Од 2013-та година училиштето работи по нов наставен план со кој се додадени отсекот Мултимедија, предметите Видео и звук, Анимација, Дигитална уметност, Медиски форми и Фотографија. Со тоа не само што се фати чекор со светските текови во областа на дизајнот, туку Средното уметничко е и лидер во регионот по својот наставен план и техничка опременост.


Во рамките на одбележувањето на јубилејот, планирани се и други настани за во декември, а тоа се поставување на статуа на професор академик Јордан Грабул и промоција на документарен филм за училиштето./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.