Во најновото видео на Oscar de la Renta посветено на новата есенска колекција, манекенките Jordan Daniels, Mayowa Nichols, Taylor Hill и Barbara Valente дење се во канцеларија, а навечер – на забава. Облечени во лесни фустани и комплети, во јаболко зелена и интензивно розова боја, надополнети се со впечатлив моден додаток – мала кожна чанта со аплицирана гарденија.
Метаморфозата на брендот на Oscar de la Renta е завршена, а новата целна група е значително подмладена. Така се развиваат брендовите: впрочем и на модните недели изминатиов месец постојано се истакнуваше дека облеката за забави во моментот е најпродаваната. Тоа важи и за модните додатоци – како и за новата OdlR кожна чантичка со апликација на цветот на гарденија.
Ја има во повеќе големини и бои, иако, се чини, највпечатлива е токму црвената./М.М.
Колекцијата и новата парти торбичка можат да се видат на следниов линк: https://www.oscardelarenta.com/pages/fall-2022