Галеријата Uffizi во Фиренца, претвори некои од најценетите уметнички дела во NFT и ги продава за да собере средства по годината на ограничени приходи, поради пандемијата. Од првата продажба, на сликата на Микеланџело за светото семејство, Дони Тондо (1505–06), добиени се 140.000 евра.
Музејот ќе ги подели приходите со Cinello, италијанската компанија која патентираше нов начин за изработка на дигитални факсимили на познати слики, како дел од новото партнерство со музејот.
Дигиталните уметнички дела на Cinello, наречени DAWS, се произведени во димензии исти со оригиналното платно и се тврди дека се целосно уникатни, како и дека се успешно заштитени од кражба.
Содаден е NFT токен на блокчејн за секој DAW, со кој се потврдува сопственоста. Секое парче произведено за галеријата доаѓа со потврда за автентичност, потпишана од Eike Schmidt, директорот на музејот. Како дел од договорот со Cinello, музејот добила 50% од профитот од секој продаден DAW.
Десетина други големи дела од колекцијата на музејот, наскоро ќе бидат претворени во DAW, а меѓу нив и делата на Ботичели, Рафаело, Караваџо и Тицијани./М.М.