Вториот Национален конгрес на Слоу Фуд Македонија ќе биде одржан во недела, 14 јули, во Битола, под мотото „Дојди на трпезата“. Седумдесет делегати од конвивиумите, здруженијата и групите што се дел од Слоу фуд Македонија ќе присуствуваат на овој значаен настан што ќе ги одреди приоритетите на организацијата и програмските определби на кои ќе работи во наредните четири години.
Пораките од Конгресот ќе бидат врзани за новите генерации и нивното враќање кон природата. Императив и предизвик на Слоу Фуд Македонија се младите луѓе, возобновување со свежа енергија, поврзувањето на храната и иднината, агро-екологија, агро-туризам…
Најважно од се е соочувањето со сериозноста на овој социолошки, културолошки и историски момент кадешто со дејствување, визија и позитивната перспектива ќе се дејствува инспиративно, ќе се гради, спојува и обединува околу заедничката мисија на Слоу фуд Македонија./М.М.