‘Voyage’ концертот на ABBA ќе се случи на 27 мај идната година, во ABBA Arena, во Лондон, која има капацитет за само 3,000 луѓе. Затоа е отворена електронска пред-регистрација за билетите, додека самата продажба почнува на седми септември годинава. https://abbavoyage.com/
Новиот албум на ABBA ќе биде објавен на петти ноември, како дел од плановите на групата за враќање на музичката сцена, која пред четири децении уживаше во планетарна слава, а финансиски беше посилна и од автомобилскиот гигант Волво. Затоа и не чуди што во подготовките за концертот идната година, на кој бендот ќе има дигитален настап во живо, учествува тим составен од 850 луѓе од Industrial Light & Magic- компанијата основана од George Lucas. Се работи на создавање на бројни видео и дигитални верзии на песните за потребите на концертот, низ повеќе месечни снимања на посебни моменти и техники за изведби.
ABBA (со членовите Björn Ulvaeus, Agnetha Fältskog, Anni-Frid Lyngstad и Benny Andersson), е легандарна шведска поп група, со милиони следбеници и обожуватели, а поради тоа и со големо влијание врз модната индустрија. Последниот албум го издадоа во 1981 година, со наслов The Visitors, а сега е потврдено дека официјално ќе се вратат на музичката сцена есенва, со сосема нов албум, насловен како Voyage.
На концертот ќе бидат претставени двете нови нумери, ‘I Still Have Faith In You’ и ‘Don’t Shut Me Down’, можат да се слушнат на: https://abba.lnk.to/newmusic, и на https://www.youtube.com/watch?v=pAzEY1MfXrQ ), како и песни од нивниот албум што доаѓа есенва. Членовите, сега во своите 70 -ти години, со објави на Инстаграм ја споделија веста за нивното враќање на музичката сцена./М.М.