Швајцарскиот бренд La Prairie го претстави својот Platinum Rare Haute-Rejuvenation протокол со чија употреба за само месец дена можат да се добијат посакуваните резултати.
La Prairie новиот Platinum Rare серум против стареење се продава како сет од три шишиња од аметист, заедно со Platinum Catalyst Activator базата. Секое шишенце содржи две одделни комори, кои комбинираат две одделни формули кои се спојуваат додека се вртат. Третманот е интензивен, па затоа брендот предлага да се користи само четири пати годишно.
Стручниот тим од брендот по нарачката на серумот ќе изврши персонализирана анализа на кожата и ќе ги евидентира посакуваните резултати. Советникот за убавина е задолжен и за следење на резултатите од употребата на Platinum Rare Haute-Rejuvenation протоколот за подмладувања преку нарачани консултации и постојани проценки на кожата.
La Prairie Platinum Rare Haute Rejuvenation протокол е неверојатно скап – чини 1.950 долари.
Во создавањето на производот и неговата промоција се сретнуваат науката и уметноста. Така, композиторот Maks Rihterј ја напиша Platinum, евокативната песна за краткиот придружен филм кој го истражува текот на времето – The Platinum Moment, додека мултимедијалниот визуелен уметник Nobohiro Nakanishi создаде специјална инсталација, The Echo of Time./М.М.