Додека ги менуваме сандалите со чевли и чизми за на дожд, а летните торби ги пакуваме, модните куќи подготвија свои предлози за тоа какви додатоци се во тренд.
Имено, со есента, неколку трендови за торби од пистите за есен/зима 2021 година најверојатно многу скоро ќе се појават и на улиците.
Меѓу трендови за чанти за есен/зима 2021 година најзастапени се големите торби.
Додека луѓето се враќаат на училиште и во канцеларија, големата торба е совршен додаток за да ги носат сите основни работи, вклучувајќи лаптоп, документи и шминка. Од Gucci до Proenza Schouler, многу дизајнери прикажаа различни верзии на поголеми торби на нивните модни писти за есен/зима 2021 година.
Кога станува збор за организацијата, поделбата е клучна. Овие торби и нивните внатрешни и надворешни џебови ќе спречат некој од предметите да се помести или тешко да се најде.
За оние на кои не им се допаѓа тврдата структура на торбите на Versace или Gucci, чантите за на рамо ќе им делуваат порелаксирано. Одлични се за сите кои сакаат во движење рацете да им бидат слободни. Вакви силуети се појавија во многу колекции за есен/зима 2021 година, вклучувајќи ги Celine, Chloé и Burberry./М.М.