Прометот во САД за време на 48-часовниот Prime Day на Амазон изнесуваше над 11 милијарди долари, што е за 6,1% повеќе во однос на Prime Day во октомври 2020 година, според индексот на Adobe Analytics.
Продажбата на мало преку Интернет изнесуваше 5,6 милијарди долари во понеделникот и 5,4 милијарди долари на вториот ден, соопшти Adobe. Тоа го направи понеделникот најголем ден за дигитална продажба во оваа година, а вторникот втор најпрометен, според Adobe.
За споредба, 48-часовниот настан лани генерираше 10,4 милијарди американски долари приход, според Adobe.
Индексот што го следи Adobe Analytics разгледува повеќе од 1 трилион посети на малопродажни страници во САД и над 100 милиони производи во 18 категории производи.
Вкупната продажба за време на Prime Day вклучува резултати и од Amazon како и од Walmart, Target, Best Buy и Kohl’s, кои исто така нудеа конкурентни производи./M.M.