Како едни од најголемите светски посредници за ликовна и декоративна уметност, накит и колекционерски предмети, Sotheby’s секоја година организираат недела исполнета со аукции и евенти. Оваа година тоа ќе биде Декемвриската недела на луксуз во Њујорк со која, според организаторите, ќе се прославува безвременоста, креативноста, генијалноста и чудесноста на накитот, часовниците, модните додатоци и многу други нешта.

За годинешата недела на Sotheby’s во Њујорк, што ќе се случува од 29 ноември до втори декември, создадена е и посебна промотивно-продажна платформа:
https://www.sothebys.com/en/series/luxury-week-new-york-2021?cmp=actn_LUX__aff___LUXNY1221_en_12-2021_int__hub_disstat___lofficielbanner

Според организаторите, аукциите ги вклучуваат најдобрите примери од нивните соодветни категории, со предмети што не се само убави за око, туку и демонстрација на зголемената привлечност и растечкиот тренд на собирање особени предмети. Понудата за аукциите е на сајтот на настанот, заедно со деталниот распоред за сите случувања во тие денови. Оставена е и можноста за продажба преку Sotheby’s , за што е дефинирана и посебна процедура. Помеѓу аукциите, на просторите на The Emporium и Sotheby’s Marketplace, може да се најде по нешто за секого.
Инаку, Sotheby’s е американска мултинационална корпорација, со седиште во Њујорк, која има свои 80 локации во 40 земји, но има и значително присуство во Обединетото Кралевство./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.