Во претставувањето на својата колекција Heaven, наменета за есенва, Marc Jacobs со моделот Bella Hadid направи футуристичка проекција во која таа е со избричена глава.

Во кампањата е замислено дека Hadid е на сосема друга планета, со оклоп инспириран од легендарните Kiki Boot на Marc Jacob. „Колекцијата есен 2023 му оддава почит на култниот фаворит Kiki Boot, со претставувањето на Kiki Group асортиманот на готова облека и додатоци“, се вели во официјалното соопштение на модниот бренд.

Со долга, спирална сребрена цевка која навидум излегува од нејзиното тело, холандско-палестинската ѕвезда и муза на брендот им посветува особено внимние на чизмите на платформа, како на центар на колекцијата.

Пред пет месеци, Hadid  зборуваше за нејзината 15-годишна борба со Лајмската болест, поради која направи пауза за да побара лекарска помош во медицински центар во Калифорнија.

Снимањето на футуристичка рекламата за Heaven колекцијата на Marc Jacobs е и враќање на Bella Hadid во светот на модата./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.