По повод Денот на виното и на љубовта, од 13 до 16 февруари, посетителите Дајмонд мол ќе имаат можност да уживаат во Саемот на виното и чоколадото.
Во соработка со македонски и меѓународни вински и кондиторски брендови,во деновите на Саемот ќе можат да се дегустираат внимателно селектирани вина и слатки деликатеси, како совршена комбинација за љубителите на добриот вкус.
Како специјален додаток на празничното искуство, ексклузивен гостин на настанот ќе биде реномираниот слаткар Петко Костадинов. Имено, во сабота (15 февруари) од 12:00 до 14:00 часот, ќе се одржи слаткарска работилница со Костадинов, каде што љубителите на слатките ќе можат да научат нови техники и трикови. Во недела (16 февруари) пак, од 12:00 часот, посетителите ќе проследат чоколадно шоу со изработка на џиновско чоколадо, долго два метра и широко 80 сантиметри – вистинско ремек-дело на слаткарската уметност.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.