На спектакуларниот шампионат на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024, што од вчера се одржува во Арената Борис Трајковски, над 5000 танчери од 35 земји се натпреваруваат во дисциплините „хип хоп“ и „стрит денс шоу“. Организатор на шампионатот што ќе се одржува до 17 октомври е клубот „Брејк а Лег“.
До крајот на шампионатот ќе настапат претставници од следните држави: Македонија, Турција, Грција, Албанија, Германија, Норвешка, Романија, Кипар, Литванија, Словачка, Данска, Холандија, Полска, Швајцарија, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Молдавија, Шведска, Естонија, Индија, Јужна Африка, Канада, Обединето Кралство, Франција, Бугарија, Белгија, Јужна Кореа, Австрија, Финска, Италија, Чешка, Унгарија, Црна Гора и Хрватска.
Шампионатот е вистински спектакл на креативност и на танцови вештини, со кој Македонија покажува дека може да организира врвни светски настани и да биде еден од клучните играчи во светот на уметноста. Настанот претставува и одлична можност за промоција на нашата култура пред меѓународната јавност.


More in:Вести

You may also like

Comments are closed.