Витук сликарството не е за естетската убавина на сликата и на нејзините форми, туку за тоа како прави да се чувствуваме – за енергијата, силата и мудроста што со себе ги носи, вели Нина Гуалинга. Нина е член на домородното население Кичва од Сарајаку, амазонско село во источен Еквадор.
Семејствата живеат во долгнавести домови сместени на бреговите на реката Бобоназа, во област значајна по својата богата биолошка разновидност. Народот живее од риболов, лов и земјоделски култури. Тие отсекогаш ја сфаќале важноста на рамнотежата и поврзаноста во природата. Мојот дедо секогаш велеше: Мораме да ја почитуваме Мајката Земја. Ако не знаеме да живееме во рамнотежа со неа, и да ја почитуваме и сакаме, ќе има последици. Духовните и Мајката Земја ќе протестираат, раскажува Нина.
Нина Гуалинга е и портпарол на Mujeres Amazónicas и програмски координатор на Women Defender во Amazon Watch. Кога решив да го посветам мојот живот на одбраната на мојата територија, шумата и правата на домородните, тоа беше затоа што бев под влијание на нафтената индустрија и затоа што животите на мојот народ – и на сите суштества што живеат во областа – беа загрозени, истакнува таа за Вог.
Како портпарол на Mujeres Amazónicas и програмски координатор на Women Defender во Amazon Watch, Нина работи на подигнување на свеста и преземање мерки против практиките на екстракција на суровата нафта во Амазон.
Историски гледано, жените од Сарајаку биле во првите редови на борбата за одбрана на својата територија, честопати ставајќи ги во опасност своите животи. „Сите ние израснавме во таа борба, гледајќи стари жени како ги водат и советуваат помладите лидери да ја бранат територијата и да не заборават на нашата култура и традиции“, вели Нина. Нејзината мајка и помладата сестра се исто така дел од движењето за заштита на домородното земјиште.
Во 2002 година, жените од Сарајаку – меѓу нив Маричела Гуалинга, моментално потпретседател на Сарајаку Народот – застанаа против аргентинската нафтена компанија CGC, што резултираше во конфронтација со обезбедувањето и работниците во компанијата. Ставот на заедницата ќе резултира со демилитаризирање на територијата и процес пред Меѓуамериканскиот суд за човекови права (IACHR). Резултатот, испорачан во 2012 година, беше победа против еквадорската држава.
Сепак, една деценија подоцна, домородното население Кичва од Сарајаку повторно се бори против екстракцијата на фосилни горива во еквадорскиот Амазон и еколошките закани предизвикани од климатските промени. Минатиот јануари се случи истекување на нафта на бреговите на реката Кока, што е втора голема катастрофа со излевање на нафта за помалку од две години, според Amazon Frontlines. Затоа жените во еквадорскиот Амазон, потворно ги ставаат Витук шарите на своите лица, потворно е тоа чин на отпор. Ги чека нова битка.
Суровата нафта е главен извозен производ на Еквадор, а цевководите ги вкрстуваат домородните земји во Амазон./М.М.