Витаминот Д може да превенира деменција и Алцхајмер, откриваат најновите студии реализирани во САД и Австралија.- Секоји 65 секунди некој развива Алцхајмер (AД), а 60 до 80 проценти од луѓето со деменција имаат AD.
На глобално ниво, над 55 милиони луѓе имаат деменција, со тоа што секоја година се дијагностицираат нови 10 милиони случаји.
Според најновото истражување, таблетите со витамин Д би можеле да ја спречат Алцхајмеровата болест. Madical News Today објави дека ниското ниво на витамин Д во мозокот е поврзано со зголемен ризик од деменција.
Најновата студија за прв пат ги истражуваше нивоата на витамин Д во човечкиот мозок и потенцијалниот ефект врз когнитивните резултати. Истражувачите откриле дека повисоките нивоа на витамин Д се поврзани со помал ризик од деменција кај повозрасните лица.
Kyla Shea, Ph.D., истражувач на Tufts University во Масачусетс, специјализиран за улогата на микронутриенти во болестите и инвалидитетот поврзани со возраста, за Medical News Today вели: Голем број студии објавија дека повисоките нивоа на витамин Д во крвта се поврзани со помало опаѓање на когнитивните функцији, или, помал ризик од деменција. Иако овие студии сугерираа асоцијации, можно е нивоата во крвта да се маркери за нешто друго, бидејќи не знаевме дали витаминот Д воопшто е присутен во човечкиот мозок. Ова истражување тоа го потврди за прв пат.
На секои 65 секунди, некој во светот развива АД, а 60% до 80% од луѓето со деменција имаат АД. Се проценува дека само во САД шест милиони луѓе живеат со Алцхајмерова болест (АД), а таа бројка до 2050 година се очекува да порасне на 13 милиони година поради. Иако најчесто се работи за болест на луѓе над 65 години, раниот почеток на АД може да ги нападне луѓето во нивните 40-ти и 50-ти години.
Можните причини за деменција, вклучително и АД, остануваат донекаде недофатливи и се област на бројни тековни истражувања.
Алцхајмеровата болест и деменцијата можеби делат голем број на исти симптоми, иако се работи за болест и синдром: Деменцијата е синдром, и се користи за да се опише збир на симптоми кои вклучуваат губење на меморијата, потешкотии при размислување, решавање проблеми и проблеми со јазикот, додека Алцхајмеровата болест настанува кога високо ниво на одредени протеини во и надвор од мозочните клетки ја отежнуваат нивната комуникација и здравје. Тоа доведува до губење на врските помеѓу нервните клетки, води до смрт на нервните клетки и губење на мозочното ткиво.
Недостигот на витаминот Д води кон деменција.
Neuroscience објави летово резултати од истражување спроведено од University of South Australia според кое постоји поврзаност помеѓу ниските нивоа на витаминот Д и намалениот волумен на мозокот. Пониското ниво на витаминот Д исто така е поврзано со зголемен ризик од мозочен удар и деменција. До 17 проценти од случаите на деменција можат да се превенираат со зголемување на нивото на витаминот Д.
Деменцијата е една од главните причини за попреченост и зависност на постарите луѓе ширум светот која со стреењето влијае врз процесот на размислувањето и на однесувањето. На глобално ниво, повеќе од 55 милиони луѓе имаат деменција, со 10 милиони нови случаи дијагностицирани секоја година. Но, што ако би можеле да ја запрете оваа дегенеративна болест ?
Првата светска студија од Универзитетот во Јужна Австралија може да го направи ова реалност, бидејќи новото генетско истражување покажува директна врска помеѓу деменцијата и недостатокот на витаминот Д.
Истражувајќи ја поврзаноста помеѓу витаминот Д, карактеристиките на невровизуелизација и ризикот од деменција и мозочен удар, студијата покажа:
– ниските нивоа на витамин Д беа поврзани со помал волумен на мозокот и зголемен ризик од деменција и мозочен удар;
– генетските анализи го поддржаа причинско-последичниот ефект на недостаток на витамин Д и деменција;
– кај некои популации, дури 17 проценти од случаите на деменција може да се превенираат со зголемување на нивото на витаминот Д (50 nmol/L)./М.М.