Работејќи со MycoWorks, Хермес патентираше Fine Mycelium, текстил добиен од печурка, и го трансформира во материјал сличен на кожата, наречен Sylvania

Hermes

Хермес прв во светот го претстави својот прв исчекор кон светот на одржливи алтернативи на кожата. Славната модна куќа се здружи со стартап компанијата MycoWorks од Калифорнија, за развој на еколошка верзија на класичната чанта Викторија, создадена од кожа на база на печурки.

Работејќи со MycoWorks, Хермес го патентираше Fine Mycelium, текстилот добиен од печурка, и го трансформира во материјал сличен на кожата, наречен Sylvania. Модната куќа користеше „кожа„ од Sylvania  како основа за новата чанта Викторија, во која има и платно и елементи од кожа.

Hermes

Иновацијата го покажува зголемениот интерес на Хермес, како и на другите водечки модни брендови, за проекти поврзани со темата на одржливоста, како и на нивните напори за целосно елиминирање на материјалите од животинско потекло, вклучувајќи крзно и секаков вид кожа.

Според истражувањето спроведено во 2019 година, кое открива дека отстранувањето на кожата од употреба може да биде следниот чекор – утврдено е дека дури 37 проценти од Британците и 23 проценти од Американците сметаат дека кожата е „донекаде несоодветен материјал“ за облека и го поздравуваат трагањето по алтернативни решенија./М.М.

You may also like

Comments are closed.