Вазелинот е повторно козметичка ѕвезда- овој пат на социјалните мрежи, особено на TikTok. Иако се добро познати неговите негативни аспекти, овој производ е секогаш присутен на сцената за убавина и одвреме-навреме ја доживува, како сега, својата ренесанса.
Вазелинот е константа во козметичките колекции речиси два века, а неговата репутација варираше, растеше и паѓаше: годинава, благодарение на TikTok, вазелинот повторно е главна тема на разговор за нега на кожата, а уште една генерација ги препознава придобивките од семоќниот вазелин.
Хемичарот Robert Augustus Chesebrough го забележал вазелинот во Пенсилванија, во 1859 година, кога случајно открил дека бел гел е нуспроизвод при на рафинирање на маслата и нафтата. Неговата намена првично била (како што е денес) да се грижи за испуканата кожа на рацете на работниците на платформите за вадење нафта.
Во светот на убавината вазелинот е од 1881 година, со реклама во која е опишан како производ што ќе ја одржува кожата чиста, мека и исклучително мазна. Него го поддржува и тоа што Lady Randolph Churchill користи вазелин на лицето пред спиење за да спречи појава на брчки, а нејзиниот пример набрзо е следен од многу жени.
Вазелинот е нерастворлив во вода и неговата улога е секогаш заштитна: создава слој што го спречува губењето на водата и влагата од кожата, а во исто време ја штити од агресивни надворешни влијанија, како силно сонце или ветер.
Неговата популарност опадна во средината на 20 век, откако некои дерматолози објавија дека вазелинот го стимулира растот на косата. Познато е дека ги храни веѓите и трепките и го стимулира нивниот раст, но многумина не сакаа да ризикуваат со растот на несаканите влакна на лицето. Меѓутоа, во последниве децении, вазелинот е познат поради еколошки причини. Со оглед на неговото потекло, секако дека не е еколошки производ. Истовремено, сознанието дека потекнува од нафтените продукти предизвикува контроверзии дека вазелинот е штетен за кожата, а освен тоа, негативно влијае на мрсната кожа, особено ако е и со акни, бидејќи ги затвора порите и го спречува дишењето на кожата.
Во меѓувреме, се споменува како брзо решение и замена за хајлајтер – трик што го користат шминкерите. Друг трик со вазелин кој стана вирален е да го нанесете на зглобот, вратот или местото каде што се нанесува парфемот, а во комбинација со вазелин мирисот останува константен и интензивен. Меѓутоа, како вистински мултипрактичар, вазелинот како производ за нега на лице за убавина ја изгуби својата важност во повеќето рутини за нега на кожата./М.М.