Кралицата Елизабета лансираше сопствен бренд на парфем за кучиња што се продава во нејзиниот имот во Сандрингам, во Норфолк.

Создаден од Norfolk Natural Living, парфеомот зрачи со мускусен мирис со цитрусни ноти на бергамот – совршен за смирување на мирисните сетила на сопствениците. Разновидноста на мирисот е нагласена со неговиот унисекс дизајн и може да се прска и на машки и женски миленичиња.


По цена од 9,99 фунти за шише, парфемот е пуштен во продажба во продавницата за подароци на имотот на резиденцијата на кралицата во Норфолк.
Во изјавата за The Sun кралицата посочи дека : „Парфемот за кучиња станува сè попопуларен, особено кај луѓето кои сакаат малку луксуз во нивните животи и сакаат да бидат задоволни со своите миленици“. Особено и затоа што мирисот е долготраен – што значи дека вашето кутче ќе мириса божествено со часови.
Ова е втор деловен потег на британската кралица Елизабета II која, за потсетување, минатиот месец промовира и сопствен бренд на кечап./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.