За Босилекот се вели дека и припаѓа на растителнатата аристократија. Имено, латинското име на оваа лековита билка, Ocimum basilicum, потекнува од грчкиот збор vasilevs, што било титула на владетел на византиската империја. Босилекот ги должи своите лековити својства на есенцијалното масло, кое го има во мали количества, но му дава многу интензивен пријатен, препознатлив мирис.
Босилекот содржи само 0,4 проценти од ова есенцијалното масло, но има и естрагол, линалол, метил-калвакол и разни други соединенија чиј состав може да варира, а во зависност од тоа постојат неколку различни видови на ова растение.
Бидејќи босилекот е едно од миризливите лековити растенија поради есенцијалното масло, треба да се има предвид дека не треба да се готви, туку само да се прелее со врела вода, промеша и да се остави да отстои од 15 минути до половина час, бидејќи тогаш ги испушта танините и може да се користи за надминување на бројни, дигестивни проблеми.
Благодарение на етеричното масло, босилекот е исклучително добар лек за дезинфекција на респираторните органи, потоа може да се користи за намалување на висока телесна температура, особено во комбинација со калус и липа, а најпознат е како најдобар лек за главоболки. „Пред се за главоболки предизвикани од синузитис за што се користи чај од босилек, кој се пие, но и вдишува. За хроничен синузитис и главоболки што ги придружуваат овие состојби, неопходно е да се додаде грст сушени или свежи листови босилек на еден литар врела вода.
Босилекот е исто така многу добар за проблеми со уринарниот тракт, а се користи и против воспаление на бубрезите и се препорачува на секој кој има проблеми со бактерии во урината.
Одличен е и за растерување инсекти, а доколку ве касне комарец или мравка, доволно е да се протрие местото со лист босилек и чешањето и црвенилото ќе престанат./М.М.