Спиењето во време на пандемијата, па дури и сега, кога оптимистичкиот поглед ја гледа светлината на крајот на тунелот, може да биде сериозен проблем. Дотолку повеќе што досегашната фрустрација поради пандемијата, може да ги замени грижа за работното место, за школувањето, летниот одмор… Причини за несоница има и премногу но, последнава година, се намножија и средствата, методите и советите за тоа како повторно до добар и здрав сон.
Од производите што се подготвени да се борат со несоницата, некои се технолошки, некои засновани на античко ботаничко знаење, но секој од нив би можел да биде клучот за добар сон. Имено, истражувањата откриваат дека тајната на добриот сон воглавно зависи од менталното здравје и позитивноста, до нега на кожата и рутината на вежбањето, што секако е многу покомплексно прашање.
Super sleep спреј за перница
Спреј, со моќната мешавина од есенцијални масла, вклучувајќи лаванда, камилица и ветивер, има за цел да помогне во опуштањето на умот и телото, олеснување на напнатоста и смирување на нервите. Спрејот за перница е составен од две пакувања. Deep Sleep е насочен кон активните умови пред спиење, за да помогне побрзо да се заспие, додека Sleep Plus има поголема концентрација на масла кои промовираат мирен сон. Најдобрите резултати се постигнуваат со употреба на двата спреја. Деталите се на: johnlewis.com
Циклус на спиење
Sleep Cycle е апликација која ве гледа додека спиете – не на морничав начин, туку на начин на следење на состојбата на спиењето, анализа на моделот на дишењето, на движењето на телото.
Резултатот е дека кога треба да се разбудите, апликацијата ќе ги процесира 90-минутните фази од циклусот на спиењето, помагајќи да бидете порелаксирани и освежени. sleepcycle.com
Облека за спиење
Облеката наречена Recovery Sleepwear на Tom Brady користи биоцерамичка технологија. Така, пижамите ја апсорбираат телесната топлина и ја претвораат во инфрацрвено зрачење што ја рефлектира енергијата назад во телото. Мека, ладна и пријатна, оваа облека го олеснува заспивањето и придонесува за квалитетно спиење. underarmour.co.uk
Dermalogica
По чистењето на лицето и нанесување на вообичаен серум и навлажнувачки крем, покријте го лицето со Dermalogica, со екстрактот од семе од тамаринд. Есенцијално масло од француска лаванда, сандалово дрво и пачули ќе помогнат да имате мирна ноќ и длабок, мирен сон. dermalogica.com /М.М.