Класичниот Божиќен Пунч е еден од најпопуларните рецепти за семејните празници во повеќе европски земји. Тоа е вкусен пијалок совршен за празниците и за целото семејство! Особено и затоа што за подготовка на овој пијалок се потребни само неколку минути.
Божиќниот Пунч претставува оригинална мешавина на вкусови. Иако комбинацијата со ѓумбир, брусница, сок од ананас и екстрактот од бадем, е невообичаена, таа сепак функционира!
Годинава, поради ограничувањето на собирите, наместо цела доза, може да се подготви само половина од рецептот доколку е потребно. Или, остатоците од пунчот да се послужат следниот ден. Нема меурчиња, но сепак е толку вкусно.
Состојки за рецепт за божиќен пунч – Christmas Punch
Сок од брусница или сок од калинка: Побарајте 100% сок. Не само 100% сок од брусница, туку може и мешавина од брусница, јаболко, грозје и слично.
Сокот од ананас треба да е 100 проценти природен, како и екстрактот од бадем.
Ѓумбир: се користи ѓумбир во прав.
За поприроден вкус треба да се одбегнуваа вештачки засладувачи на шеќер.
Свежи брусница и лимета: Овие состојки се по избор за декор.
Мраз: Ако сте користеле добро разладени сокови и сода, не мора да се додаде мраз.
За Божиќниот Пунч потребни се две кафени лажички ѓумбир, четири чаши сок од брусница, како и две чаши сок од ананас и две лажички екстракт од бадем.
Доколку пунчот е само за возрасни и сакате да го направите со алкохол, тоа треба да се со рум или вотка но во исклучиво мали количества.
Како да направите Божиќен Пунч: Истурете сок од брусница, сок од ананас и екстракт од бадем во голем сад за пијалоци и измешајте. Истурете ѓумбир и продолжете со мешање. Додадете брусница и мраз.
Ако ви се допаѓа пунч со меурчиња, послужете го по неколку часа. /М.М.