Студијата на американската вселенска агенција НАСА се обиде да најде ефикасни начини за прочистување на воздухот во затворените простори, како што се вселенски бродови и вселенски станици. Предводени од д-р. B. C. Wolvertonom, тимот откри дека некои растенија ефикасно го филтрираат воздухот од бензен, амонијак, формалдехид и други загадувачи, го заменуваат со прочистен кислород.
Извештајот од студијата на НАСА сугерира дека е потребно да се има најмалку една билка за секои 10м2 во домот или канцеларијата.
Се покажа дека растенијата тестирани од НАСА можат значително да го намалат нивото на токсични материи. Еве некои од најдобрите билки прочистувачи што можеме да ги ставиме во домот.
- Палма Arekа
Според испитувањето на НАСА, оваа билка има способност да ја прочисти животната средина во која се наоѓа со отстранување на опасни хемикалии како што се формалдехидот, ксилен и толуен.
Палма Арека добро успева и во филтрирана светлина – и треба често наводнување.
- Sansevieria, Dracaena trifasciata
Единствена по прочистување на воздухот во текот на ноќта и тоа со отстранување на бензен, формалдехид, трихлороетилен, ксилен и толуен. Идеална е за спалната соба, треба да се чува покрај прозорецот и треба да се полева неделно. Интересно е што и во херметички затворена просторија, 4 до 5 од овие растенија можат да произведат доволно кислород за нормално дишење.
- Epipremnum aureum
Се препорачува за во: секоја просторија. Меѓу растенијата препорачани од НАСА, ова е познато по својата способност да отстранува хемикалии и други загадувачи од воздухот, особено бензен, формалдехид, ксилен и толуен. Сепак, и покрај придобивките, треба да се знае дека ова растение е токсично за мачките, кучињата и за малите деца, доколку се проголтаат нејзините лисја. Билката претпочита индиректно светло и треба да се полева секоја недела.
- Gerbera Jamesonii
Веројатно најубавата билка на списокот на НАСА, герберот често се користи и како декоративна билка. Сепак, Герберот има можност за производство на високо ниво на кислород во текот на ноќта, како и отстранувате на штетни хемикалии, како бензинот и трихлороетиленот. Корисен е за оние кои страдаат од апнеја и респираторни нарушувања. Чувајте го на ноќната маса, за да спиете подобро.
- Aglaonema
Aglaonema е едно од најчестите домашни растенија, и тоа со добра причина. Емитира големо количество кислород со чистење на внатрешните простори од штетни хемикалии како што се бензен, формалдехид и други токсини. Доста е популарно во Кина, поради високата ефикасност во отстранувањето на штетните загадувачи од воздухот. Расте добро и во целосна сенка и треба периодично да се залева, за да се одржи влагата на почвата./М.М.