Колекцијата на чанти за пролет/лето 2025. на Donna Karan носи нов пристап кон боите и дизајните: палетата на бои вклучува природни тонови на кожата, потоа облачно сиви и лешник нијанси, со металик златни детали – сите со модерен, но софистициран дизајн.
Минатата година, G-III го оживеа брендот Donna Karan New York, враќајќи го на американската модна сцена со „In Women We Trust“, кампањата која донесе нова енергијата, како и почит кон историјата на брендот. Со помош на легендарните модели, како Cindy Crawford, Lindy Evangelista, Amber Valletta, Shalom Harlow, Carolyn Murphy и Imaan Hammam, брендот повторно ја воспостави основата врз која го изгради своето долгорочно присуство во светот на модата. Колекцијата пролет/лето 2025 ја отсликува оваа поврзаност со минатото, но има и современ поглед на модата.
Колекцијата се фокусира на чанти дизајнирани како практични, луксузни парчиња за жени зафатени од урбаниот начин на живот. Во согласност со филозофијата на брендот, дизајнерскиот тим се одлучи за луксуз кој е достапен и може да се носи секој ден, со цени кои се движат помеѓу 400 и 600 долари, како и постојани акции со најразновидни намалувања.
За оваа сезона, чантите на Donna Karan доаѓаат во широк опсег на големини, вклучувајќи ги и новите верзии на популарни модели како Amagansett и Baldwin, од минатата сезона. Секоја чанта има суптилни металик златни детали, а дизајнот ги вклучува елегантните линии што Donna Karan ги постави како стандард. Со овие парчиња, брендот ја продолжува својата традиција на создавање безвременски и функционални парчиња, идеални за секоја пригода.
Иако модниот и малопродажниот пејзаж претрпе многу еволуции од најславните денови на Donna Karan, едно нешто останува константа: клиентите копнеат за добро дизајнирани парчиња што се шик, но не премногу тренди, па можат да се носат сезона по сезона./M.M.

You may also like

Comments are closed.