Гламурозната вечерна облека на Attico, брендот создаден во – 2016 година, набргу ги привлече култните следбеници. Блескавите макси и мини фустани, карго панталоните Y2k-redux и аголните високи потпетици мошне брзо се најдоа на радарите на модните инсајдери.

Брендот кој досега своите моќни парчиња ги промовираше преку милионскиот аудиторијум, кој основачите Gilda Ambrosio и Giorgia Tordini го имаат на инстаграм, завчера ја одржа својата прва модна ревија.
Растот на Attico како да беше пресуден за на Модната недела на Милано да ја направат првата модна ревија со четириесетина модели наменети за пролетта 2024 година.


За дебито Attico ја затвори станбена улица Arco della Pace, претставувајќи 42 изгледи – доследно мешајќи фустани и панталони од проѕирни ткаенини со големи јакни, мантили, или некоја екстра голема горна облека. Како самите манекенки да живеат во соседството, па се подготвиле за ноќно излегување во нивните најголеми комбинации, а потоа решиле да го доведат клубот во нивното соседство.
Изгледите низ колекцијата ја проширија дефиницијата за облекувањето „од ден до ноќ“.
Така беше представен предимензиониран сив тренч палто во комбинација со стопено сребрени панталони, како и црн блејзер со силни раменици а под него ништо друго освен хулахопки украсени со пердуви.
По седум години во бизнисот, првата писта на Attico ја покажа силата на брендот и потенцијалот што го има нивната вечерна облека со додатоци во надминувањето на својот култен статус. Што се однесува до претворањето на тивката улица во модна писта, дизајнерите можеби само им намигнаа на обожавателите кои веќе го носат Attico во нивните градови и привлекуваат внимание кога го прават тоа./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.