Секоја година модните куќи за убавина особено внимание посветуваат на празничните, Аdvent Сalendars. Тоа е можност во убаво аранжираниот пакет, заедно со новите, или, бараните производи, да се продадат и оние што подолго стојат на залиха или, едноставно, не го нашле патот до купувачите. Бројни се и дебатите за одржливоста на овие комплети, односно за скапите и обемни пакувања што на крајот се фрлаат.
Затоа првата препорака е да се купува само она што со сигурност ќе се користи.
Mac Box of Tricks Advent Calendar, што може да се најде на maccosmetics.com е комплет со декоративна козметика. Оние кои редовно се шминкаат ќе најдат се што ќе користат. Сите производи се практични и погодни за носење.
The Body Shop Share the Joy Advent Calendar и Occitane Classic Advent Calendar, поставен на loccitane.ie се комплети за нега на косата и на телото што, исто така, ќе се употребуваат во текот на годината.
Календарот на Jo Malone London 24 Day Advent, на brownthomas.com е голема инвестиција. Се отвора како класична кутија за накит и може долго да се користи. Наменет е за љубителите на мириси – содржи 23 мини-итерации на најпознатите производи на Jo Malone за тело и за домот./М.М.