Облеката се купува повеќе, се носи помалку. Поради експлозивниот раст на брзата модата во изминатите две децении, најновите истражувања откриваат дека во САД се консумира 400% повеќе облека, споредбено со период од пред 20 години, а дека просечниот Американец секоја година генерира 82 килограми текстилен отпад. Целта на објавата се потрошувачите кои купуваат облека повеќе отколку што им е потребното, не оние со ниски ниски примања на кои брзата мода им е единствен избор.
Брзата мода се однесува на брендови кои произведуваат големи количества облека по ниски цени што на потрошувачите им овозможува постојано менување на облеката.
Ваквата, прекумерна потрошувачка на евтина облека води кон раст на текстилниот отпад, загадување на околината и исцрпување на природните ресурси. Покренува социјални прашања, какво што е кршењето на човековите права.
Повеќето брендови во доменот на брзата мода секоја недела промовираат нови колекции, а користат и маркетиншки техники и трендови за поттик на потрошувачите.
Најчесто не се транспарентни за добавувачите, ниту за производството и нивното влијание врз животната средина. Нема докази дека нивните работници имаат пристојни плати, безбедни услови за работа, ниту целосни информации за етичноста и одржливоста. Ниските цени, покрај наброените причини, се показател и на слабиот квалитет. Тешко или речиси е невозможно од квалитетни суровини и со вешти занаетчии да се направи фустан за десет долари, а притоа работниците пристојно да се платени, а производствен процес да не е штетен за животната средина.
Согласно расположливите податоци создадена е и своевидна топ листа на најголемите брендови на брзата мода. На првото место е кинескиот гигант Shein, следат Mango, H&M…еве ги и причините за нивно евидентирање.
1) Shein
Со над 20 милиони следбеници на Инстаграм, кинескиот бренд Shein е глобално познат и популарен. Секој ден додава 500 производи по ниски цени на својата електронска продавница. Брендот не споделува никакви информации за тоа каде е производството, каков е ланецот на снабдувањето и каква е заштитата на околината. Од Shein посочуваат дека не користат присилна или детска работна рака и дека на своите работници им нудат надпросечни плати.
2) Mango
Mango е шпански моден бренд и трговец со голема мрежа на продавници, во 110 земји ширум светот. Брендот постигна одреден напредок во доменот на одржливоста. Произведува сè повеќе облека од органски памук и рециклиран полиестер и презеде чекори за елиминирање на опасните PFC хемикалии.
Иако ги открива прецизните бројки на емисиите на стакленички гасови во своите фабрики, нема поставено рокови за нивно намалување. Кодексот на однесување на брендот открива дека работниците добиваат „законски минимум, а не препорачаното ниво на плата“. Брендот одби да ја открие својата донација за фондот што беше формиран за обештетување на семејствата на 1.134 работници кои загинаа во колапсот на Rana Plaza во Бангладеш, во 2013 година.

3) H&M
Познатиот шведски бренд H&M по големина е втор моден трговец на мало во светот. Има скандал во 2018 година со неисплатени плати, има и поплаки за физичко и сексуално малтретирање на работниците. Брендот беше обвинет и дека замижува пред маките на работниците кои ги осудија нехуманите работни услови кои се причина за смрт на повеќе од 100 вработени.
Постигнат е одреден напредок во елиминирањето на штетните хемикалии од нивните производи. Има и програма за рециклирање текстил, иако само 35% од облеката се рециклира. H&M сеуште ја уништува својата непродадена облека наместо да ја донира.


4) Boohoo
Британскиот моден трговец Boohoo забележа брз раст изминатата деценија и тоа на сметка на недостатоците во работењето. Boohoo многу ветувања но не прави многу за да се подобри во социјалната и еколошката сфера. Компанијата од 2021 година само ветува дека ќе го даде списокот на фабрики и набавните практики, како и стратегијата за социјално влијание за поддршка на локалните заедници. Sunday Times откри дека работниците во фабриката во Лестер заработуваат 3,50 фунти на час, што е далеку под националната минимална плата. Работниците на Boohoo беа принудени да одат на работа додека беа болни со СОВИД-19, а компанијата едвај обезбеди заштитна опрема, но не и средства за дезинфекција на рацете.
Одборот за ревизија на животната средина објави извештај во кој го именуваше Boohoo како еден од најмалку одржливите модни брендови во ОК.

5) Forever 21
Forever 21 е американски моден трговец на мало кој продава евтина облека. На страницата за општествена одговорност се вели дека Forever 21 настојува „во реализација на целите кои се однесуваат на елиминирање на детскиот труд и на принудната работа„. Ваквата изјава може да значи и дека компанијата сè уште ги користи овие навредливи работни практики.
Истражувачите на американското Министерство за труд открија дека работниците во фабрика во Лос Анџелес добивале по четири долари на час, многу помалку од минималната плата во државата. Брендот не е транспарентен за тоа каде и како се произведуваат нивните производи, а не е познато ниту дали нешто се прави за ублажување на огроното штетно влијание врз животната средина.
6) Urban Outfitters (и Anthropologie & Free People)
Основан пред повеќе од 50 години, Urban Outfitters е еден од најголемите американски модни трговци. Освен инсталирање на LED светилки во продавниците и соларни панели на покривот на дистрибутивниот центар, Urban Outfitters не открива никакви конкретни информации за тоа што прави за да и помогне на животната средина. Клиентите немаат пристап до информации за синџирот на снабдување на брендот ниту каде се наоѓаат неговите добавувачи.
Нема докази и дека на работниците во компанијата им се исплаќаат правични плати. Постои само податок дека во 2015 година Urban Outfitters има побарано од своите вработени да работат бесплатно за време на викендите, бидејќи тоа би било „одлична активност за градење тим!
7) Primark
Ирската компанија Primark е еден од најголемите модни трговци во Европа. Со оглед на тоа што брендот го нарачува производството, нема никакво влијание врз работните услови на конфекциските работници. Иако од Primark наведуваат дека фабриките мора да следат Кодекс на однесување, нема докази дека работниците се фер платени и дека работат во пристојни и безбедни услови. Клиентите наоѓаат „SOS“ пораки во облеката на Primark, напишани од кинески затвореници кои работат во фабрики за облека. Тврдат дека работат 15 часа секој ден и ги осудуваат нехуманите работни практики.
Компанијата е членка на Коалицијата за одржлива облека и го донира непродаденото. Сепак, нема доволно релевантни информации за тоа што прави Primark за да го намали својот огромен еколошки отпечаток.
8) Missguided
Missguided од Обединетото Кралство, не само што продава брза мода, туку е и поим за „брза мода“ лансирајки секоја недела 1.000 нови стилови! Со ваквата практика, Missguided промовира прекумерна потрошувачка, што придонесува за огромни количества текстилен отпад.
Освен што открива нејасни информации за корпоративна општествена одговорност, компанијата се чини дека не прави ништо конкретно за да го намали влијанието врз животната средина. Како и Boohoo и Missguided е прогласен за еден од најмалку одржливите модни брендови во ОК. Во 2017 година, брендот беше фатен како продава производи кои наводно биле вештачко крзно, а всушност содржеле вистинско крзно од мачки, кучиња од ракуни и зајаци.


9) Zara
Zara е шпански моден бренд кој припаѓа на групата Inditex. Иако користат рециклирана амбалажа и имаат програма за рециклирање текстил, не се транспарентни за ресурсите кои се користат во производството на облеката.
Добро е што синџирот на снабдување на Zara е повеќе транспарентен во споредба со другите брендови за брза мода. Компанијата ја објави и листата на добавувачи, но не за целиот синџир на снабдување.
Zara спроведува ревизии на подизведувачите за да провери дали го следат нивниот Кодекс на однесување, но резултатите не се целосно јавни. Во 2017 година, клиентите на Zara во Истанбул пронајдоа тајни пораки во облеката. Тие беа напишани од конфекциски работници кои тврдеа дека морале да работат бесплатно пред да банкротира производителот кој произведувал облека за Zara.
10) Victoria’s Secret
Victoria’s Secret is one of America’s most famous lingerie brands. The company signed the “” campaign aiming to eliminate all hazardous chemicals from its products and supply chains by 2020. At this point, we do not know whether the brand met its target.
It does not seem to have done anything to reduce its environmental footprint, and its products are mostly made from unsustainable materials. Victoria’s Secret is not doing better in the social sphere. As its supply chain is not certified by official labor standards, we cannot be sure that garment workers are paid a fair wage and treated ethically.
While ten years ago, the brand was accused of using child labor, it is again at the heart of another scandal. Many models were sexually harassed and bullied by two top executives, and those who complained about this lost their jobs shortly after.
Викторија Сикрет е еден од најпознатите американски брендови за долна облека. Компанијата потпиша кампања на Greenpeace Detox my Fashion со цел да ги елиминира сите опасни хемикалии од своите производи и синџири на снабдување до 2020 година. Не е познато дали брендот ја исполнил оваа цел.
Поради тоа што производите се воглавно направени од неодржливи материјали Victoria’s Secret се често критикувани во социјалната сфера.
Брендот го следат скандали : пред десет години беа обвинети за користење на детски труд, а лани се обвинети за сексуално малтретирање на манекенки од двајца врвни директори. Оние кои се пожалиле – набргу останале без работа./М.М.

You may also like

Comments are closed.