За првпат во историјата, во „Алкалоид“ АД Скопје е развиена течна форма на лекот Омепразол, готов за употреба. Тоа е првиот патентиран лек со додадена вредност, наменет за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети и кај возрасни кои имаат тешкотии со голтањето.
За пероралниот раствор Омепразол „Алкалоид“ го доби првиот интернационален патент за лек со додадена вредност (Value Added Medicine – VAM), а првите одобренија за ставање во промет веќе се доделени за нашата земја и за Обединетото Кралство. Во тек е регистрацијата за земјите во Европа и за пазарите на Европската Унија.
Лековите од прв избор во третманот на рефлуксен езофагитис и на ГЕРБ се т.н. инхибитори на протонска пумпа, во група во која спаѓа и Омепразолот, кои најчесто се достапни во форма на гастрорезистентни таблети, капсули и прашок за растворање.
Иновативноста се базира на два посебни раствора, содржани во двокоморското пакување, кое при отворање автоматски ги меша двата раствора за да се добие готовиот Омперазол. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржи шеќер, сорбитол и бои.
Овој производ ја потенцира посветеноста на „Алкалоид“ на врвни достигнувања во сферата на фармацијата и претставува новина во генеричкото производство на лекови преку иновативност, пазарна диференцијација и преку третман на специфични групи пациенти./М.М.
More in:Здравје
Награден уред за ладење на скалпот за пациенти со хемотерапија
Дипломката на Универзитетот во Limerick, Olivia Humphreys, е победник на Ирска на наградата James Dyson ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Акупунктура во борба против ишијасот
Најновото истражување потврда дека акупунктурата е вредна опција за конзервативен третман за лица кои страдаат ...
Ѕemaglutide и за остеопорозна болка во колената
Новото испитување открива дека агонистите на GLP-1 може да помогнат во намалување на болката поврзана ...