Елегантениот, стилски концепт на аеро е-велосипед изгледа футуристички. Иднината на транспортот се очекува да изгледа многу поразлично од она што денес се гледа. Тоа е и фокусот на концептот за аеро е-велосипедот на BaoPham Design.
Имено, дизајнерот на производи и 3D визуелизатор,BaoPham Design, неодамна ги објавија своите планови за аеродинамичен електричен велосипед, кој е предодреден да се најде на улиците во иднината. Овој концепт води до некој научно-фантастичен филм кадешто се лебдее.
Концептот на аеро е-велосипед има дизајн со Z-рамка и има тркала без глави кои ја намалуваат ротирачката инерција што се наоѓа кај потешките тркала со краци и центар. Велосипедот ќе биде опремен со тенки гуми и ќе може да се пофали со аеродинамична конструкција што треба да го намали отпорот на воздухот и триењето, за зголемена брзина и лесно возење./М.М.