Централната инспирација за колекцијата “Trails” е треш-панк естетиката. Формите застапени во колекцијата црпат инспрација од различен вид елементи кои се застапени на еден автопат. Овие елементи најочигледно вклучуваат работи како гуми, кои се во согласност со насловот на колекцијата. Меѓутоа застапените елементи ја вклучуваат и деликатноста на цвеќињата, како и грозоморноста и морничавоста на лешеви кои можат да бидат најдени по пат.

Инаку, колекцијата “Trails” е направена од zero waste материјали кои се стекнати на органски (односно, позајмени или најдени) начин. Во поглед на концептот позади оваа колекција, како што беше нагласено погоре, парчињата застапени во колекцијата застапуваат траги од гуми, меѓутоа и еден вид на помалку очигледни траги кои можат да бидат најдени на самото човечко тело. И во двата случаи, трагите во прашање биле нанесени од стран предмет.
Во случајот на автопат, страниот објект може да бил автомобил или камион. Од друга страна, во случајот на луѓе, страниот објект може да е вистински физички објект кој нанесува траума, односно го ранува човечкото тело, како нож.

Алтернативно, може да се работи за психолошки траг, нанесен од сакана личност која ни предизвикала емотивно непријатен настан (пр., раскид на врска, предавство или загуба).

Понатаму, користењето на црната боја ги симболизира гореспомнатите гуми од камиони. Употребата на портокаловата боја ги симболизира човечките трагови (пр., физички или психолошки рани на телото или кожата). Колекцијата “Trails” на Христијан Младеновски е pret a porter или меѓусезонска колекција./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.