За новата колекција на Chanel за сезоните есен/зима 2022 година, креативната директорка Virginia Viar повторно е инспирирана од уметниците и пријателите на куќата кои и дозволија да експериментира врз понудата на високата мода од минатата сезона. Групата уметници што ме опкружуваат, составена од Xavier Veilhan, Sébastien Tellier, Charlotte Casiraghi и Pharrell Williamѕ, заедно со моделотl Vivienne Rohner , го дозволија тоа. Како и високата мода, истакна дизајнерката пред модното шоу во Париз.

Viar при создавањето најчесто се потпира на основачот на Куќата, Mademoiselle Chanel, како и на композициите што го дефинираа брендот речиси една деценија. „Во оваа нова колекција има костуми, долги фустани какви што ги замислуваше Mademoiselle Chanel во 1930-тите: припиени на телото, со нагласени рамења, како и тантела, инкрустирана, преработена, не извезена, туку префарбана.

Chanel повторно соработуваше со Gzaviar Veilhan за да создаде краток филм za kolekcijata. Toj ја создаде сценографијата за Haute Couture ревијата и минатата сезона, кога амбасадорката на брендот, Charlotte Casiraghi , на коњ се појави на модната писта. Овој пат таа ја пее песната Mademoiselle, компонирана од францускиот кантавтор Sebastian Tellie.

На ревијата Virginia Viar покажа уште една перспектива на високата мода. Парчињата стануваат сè попогодни за носење, за да им се допаднат на сите жени кои ја сакаат модата и сакаат да ги следат трендовите. Твидот, долги години заштитен знак на куќата, беше главниот елемент на целата колекција. Беше виден во многу верзии: од капи, панталони и фустани до впечатливи капути.
Гледајќи ја колекцијата во целина, сосема е јасно дека и Viar и модната куќа Chanel сакаат да го редефинираат својот стил, како и да ја задржат својата супер шик естетика.

Што се однесува до боите, присутни беа безвременската црна и бела, сивата и нежно розовата. Капите беа главниот додаток на колекцијата, заедно со црните машни кои повторно ги употреби дизајнерката./М.М.

Модниот филм од ревијата е на следниов линк: https://www.chanel.com/us/haute-couture/fall-winter-2022-23/

 

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.