Дермалните филери Елансе и Маили и колагенската-стимулирачка инјекција Ланлума, сега достапни во Клиника Жан Митрев, се најновиот медицински метод во корективната дермална естетика за подмладување на кожата.
Филерите на Синклер во медицинската дерматологија се посебно препорачани заради нивното 2-во-1 дејство. „Резултатите од користењето на Елансе и Маили филерите се веднаш видливи, а ефектот е долгорочен. Слој по слој, Елансе создава цврста основа за трајни резултати, односно веднаш ги пополнува брчките и го редефинира обликот и контурите, што е инстант ефект, а потоа дејството е долготрајно врз намалување на знаците на стареење и подмладување на лицето, обезбедувајќи видливо подобрување на квалитетот на кожата, затегнатост, цврстина, еластичност, тон и текстура“, објаснува тимот од одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев.
Дермалните филери се прилагодени за различна цел и ги преобликуваат, прецизираат и подобруваат специфичните области на лицето. За поголеми депресии на кожата се препорачува Ланлума, „Ланлума е посебно препорачана заради природната стимулација на колаген и затоа што функционира заедно со телото создавајќи природен изглед и безбеден резултатот со долготраен ефект. Докажаната формула со поли Л-лактична киселина предизвикува реакција на регенерација во длабоките ткива на кожата, го поттикнува создавањето на колаген додавајќи волумен за постигнување совршени резултати“, велат од тимот на Клиника Жан Митрев.
Достапноста на дермалните филери и колагенската инјекција на Синклер, беше промовирана на ексклузивен настан на кој беа присутни многу познати личности, инфлуенсери и имиња од јавниот живот.
За експертската јавноста беа организирани посебни презентации. Стручниот тим од одделот за естетска дерматологија на Клиника Жан Митрев на дводневната презентација пред стручната јавност, доктори специјалисти, дерматолози и пластичари од целата држава одржаа повеќе работилници на кои пред дерматолозите и специјалистите за естетска дерматологија демонстрираа апликација на филерите./М.М.