Француските дизајнери Christian Louboutin и Pierre Yovanovitch создадоа столици со штикли, покажувајќи дека, како што велат, низ дизајнот можат да се раскажат многу приказни и да се созададат единствени уметнички дела, за љубителите на современиот дизајн.
Pierre Yovanovitch и Christian Louboutin ги здружија силите за да создадат колекција столици кои ја истакнуваат женската индивидуалност на жените од историјата, митологијата и од филмот како Nefertari, Zenobie, Dita, Metropolissa или Pompadour.
Оваа необична колекција, претставена во галеријата Pierre Yovanovitch во Њујорк, вклучува девет дабови столици, секоја со своја приказна и карактер: од кралицата Nefertari до танчерката Dita Von Teese, секоја столица ја носи личноста на својата инспирација. Истите автори создадоа и серија столици наречени Simply Nude, инспирирани од колекцијата на чевли на Louboutin, создадени во пет нијанси на боја на кожата.


Колекцијата не е само естетско чудо, туку и техничко ремек-дело, рачно изработено од тим на француски занаетчии, кои со своите вештини придонесоа за создавање на овие уникатни парчиња.
Christian Louboutin е француски моден дизајнер и основач на истоимен бренд за чевли, познат по своите гламурозни високи потпетици со црвен ѓон. Yovanovitch пак е првин моден дизајнер кај Pierre Cardin, па дизајнер на ентериети во сопствениот бренд кој, во мебелот што го создава, вградува тренд, хумор но и безвременост, својствени за вистинските дизајнери – визионери./М.М.

You may also like

Comments are closed.